Расчистени три тешки кражби во Гостивар

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти три тешки кражби, кои од 7 до 12 јануари биле извршени во објект на „Железници на РСМ” во Гостивар и во два угостителски објекта во негова непосредна близина, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Е.П.(35) и А.М.(18),  двајцата од Гостивар, се осомничени дека се извршители на кражбите. Тие со употреба на сила влегле во објектите и одзеле повеќе предмети и пари. Одземените предмети се пронајдени и на 24.01.2022 се вратени на сопствениците, посочуваат од МВР.

Лицата биле лишени од слобода, а по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Видео на денот