Расчистени дивите депонии во Шуто Оризари

ЈП „Комунална хигиена”- Скопје денеска завршува со реализацијата на есенските акции за генерално чистење на скопските општини.Последната акција е во Шуто Оризари, од каде се отстранети покрај другото и 120 кубни метри отпад од диви депонии.

Последната есенска акција за чистење, како што соопштуваат од претпријатието, се спроведува во општината Шуто Оризари, каде што екипите на Претпријатието вршат рачно и машинско миење и метење на булеварите и улиците, а отстранети се и вкупно 120 кубни метри отпад од диви депонии.

ЈП „Комунална хигиена”-Скопје, наведуваат во соопштението, организираше и чистење на дворовите на сите градинки, основни и средни училишта во оваа скопска општина.

Градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш, помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје, Етула Амети и раководителот на Секторот за комунална хигиена, Зекирија Незири, денеска учествуваа на еко-предавањето во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид”, каде што учениците беа информирани за активностите на претпријатието, како и за штетните последици од неправилното постапување со отпадот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот