Расчистена кражба на мопед, приведен крадецот

Полиција / Фото: МИА

Службеници од Полициската станица  Драчево вчера го лишиле од слобода Г.Д. (34) од Скопје поради сомнение дека на 7 септември 2021 на автобуска станица во село Орешани, скопско, одзел мопед сопственост на В.Б.(47) од село Таор, скопско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека во разговор со полициски службеници тој го признал делото, а мопедот бил вратен на сопственикот.

– По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведоа од МВР.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот