Расчистена компјутерска измама: Кривична пријава за четири лица од Велика Британија

Фото: МИА

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон.

Осомничените во повеке наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прекривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата.

Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил четири уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.

Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15 006 000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот