Рапиден скок на заболените во Битола, заразените ги кријат контактите кои ги имале

Општинскиот кризен штаб на Битола констатира дека во изминатите три недели, на неделно ниво се покачува бројот на заболени во градот за околу 50 отсто.

Во соопштение до јавноста, од Општинскиот кризен штаб информираа дека во Битола во моментов има 151 активен случај на инфицирани лица со Ковид-19.

-Битола не е во листата на градови со голем број заболени лица, но проблем и понатаму претставува криењето на податоци од страна на заразените лица за контактите што ги имале кои може да помогнат при формирање на целосна епидемиолошка слика. На состанокот на Општинскиот кризен штаб, од СВР-Битола информираа дека вршат увид кај лицата со решенија за изолација, а на терен се изрекуваат санкции за лицата кои не носат маски, како и за субјектите кои не ги почитуваат препораките и законските мерки за заштита од Ковид-19, се посочува во соопштението од тамошната локална самоуправа.

Општинскиот кризен штаб апелира граѓаните за почитување на мерките за заштита од Ковид-19 и повисоко ниво на свест за опасноста од ширење на вирусот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот