РАПЕРКАТА СО ЗАНОСЕН ЗАДНИК најави повлекување: Сака да основа семејство

ники минаж
Фото: Profimedia

Американската раперка Ники Минаж преку Твитер најави дека ќе се повлекува од музичката сцена и дека сака да основа семејство.

На своите обожаватели им порача дека засекогаш ќе ги сака. Нејзиниот избраник се вика Кенет Пети, а раперката нивната венчавка ја најавува одамна.

Сепак, Ники не изнела повеќе детали, па на обожавателите не им е јасно од што точно се повлекува, ниту пак дали е сериозна со ваквото соопштение.

Во текот на својата кариера таа соработуваше со многу ѕвезди, меѓу кои и Дејвид Гета, Ашер, Мадона, Аријана Гранде, Џастин Бибер и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот