Рано е да се укинат ковид-сертификатите, вели министерот Сали

Сертификат за вакцинација
Сертификат за вакцинација против ковид-19 / Фото: МИА

Министерот за здравство Беким Сали во изјава за Сител попладнево рече дека сѐ уште е рано да се размислува за укинување на ковид-сертификатите, откако дел од европските земји почнаа со таква практика.

-Рано е за таква одлука, затоа што нивото на вакцинација на популацијата е многу помала од земјите што ги укинуваат. Важно е да продолжи имунизацијата. Апелирам граѓаните да се имунизираат, рече министерот.

Тој вели дека исполнетоста во болниците во моментов изнесува 55 до 60%.

-Сѐ уште располагаме со капацитети. Тоа се општите клиники по градовите, Инфективната клиника и болницата 8-ми септември. Интерните клиники можно е повторно да станат ковид-центри, ако дојде до нагло зголемување на бројката на пациенти, иако во моментов се уште сме далеку од тоа, информира Сали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот