Рангник: Зошто би се збогувале со Роналдо, ќе биде со нас и следната сезона

Кристијано Роналдо и менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер јунајтед во понеделникот вечерта го одиграа последниот натпревар на домашниот „Олд Трафорд“ во сезоната 2021/2022.

Со убедлив резултат го победија Брентфорд, а тој дуел беше збогување за некои играчи кои на лето ќе ги напуштат „црвените ѓаволи“ како Хуан Мата, Немања Матиќ, Единсон Кавани..

На крајот од сезоната му завршува мандатот на „привремениот“ менаџер Ралф Рангник, кој ќе биде заменет од Ерик Тен Хаг, а многумина шпекулираат што ќе биде со легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо.

По мечот, новинарите го прашаа Рангник, кој неодамна беше провомиран како нов селектор на Австрија, даде коментар околу иднината на Роналдо.

– Зошто би се збогувале со Роналдо? Тој има важечки договор и колку што знам ќе биде со нас и следната сезона – рече Рангник по дуелот со Брентфорд.

Португалскиот репрезентативец се врати на „Олд Трафорд“ на почетокот на сезоната по 12-годишно отсуство од Манчестер, ги носеше дресовите на Реал Мадрид и Јувентус и го „зацементира“ статусот на еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

Неговиот договор со Јунајтед истекува во јуни 2023 година, а договорот предвидува можност за продолжување на соработката за уште една година. До крајот на Премиер лигата на Јунајтед ги очекува гостување кај Брајтон и Кристал Палас.

Манчестер јунајтед се подалеку од Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот