Рангник со првата одлука со шокира ѕвездите на Јунајтед, забрани да доаѓаат со приватни автомобили

Германецот Ралф Рангник по крајот на сезоната ќе остане како консултант на „Олд Трафорд“/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Ралф Рангник од вчера и официјално е нов менаџер на Манчестер јунајтед и од самиот почеток на неговиот мандат воведе неколку радикални промени.

Таткото на модерниот германски фудбал ќе се обиде да го запре „падот“ на англискиот гигант и да го врати на старите патеки, а фудбалерите ги чека „пекол“ на тренинзите, но воведе правила кои се однесуваат и на приватниот живот на фудбалерите.

Рангник им забрани на фудбалерите со приватни автомобили да доаѓаат на тренинзи и на натпреварите кои Манчестер јунајтед ќе ги игра на домашен терен. Германецот им нареди на ѕвездите да доаѓаат само со возила од компанијата која е главен спонзор на екипата, Шевролет.

Оваа одлука нема да им се допадне на поголем број фудбалери, а највеќе на Кристијано Роналдо кој во својата гаража има автомобили вредни повеќе од 20 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот