Рангник сака да биде селектор на Германија, веднаш доби поддршка од Клоп

Германецот Ралф Рангник по крајот на сезоната ќе остане како консултант на „Олд Трафорд“/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Поранешниот тренер на Шалке, Хофенхајм, Штутгарт, Лајпциг, Ралф Рангник, е заинтересиран да го наследи Јоаким Лев на клупата на репрезентацијата на Германија.

Лев пред два дена соопшти дека по завршување на Европското првенство ќе си замине од селекторската фуинкција која ја извршуваше 15 години, по што веднаш започнаа шпекулациите за тоа кој ќе биде неговиот наследник.
Медиумите сметаат дека Германската фудбалска федерација (ДФБ) ќе се обиде да привлече еден од двајцата топ тренери, Јирген Клоп од Ливерпул и Ханси Флик од Баерн Минхен.

Почна трката за наследник на Лев, Клоп или креаторот на генерација на Кимих, Брандт

Но, денеска поранешниот тренер на Штутгарт, Хановер, Шалке, Хафонхајм Лајпциг, Ралф Рангник, изјави дека е заинересиран за селекторската функција.
– Тоа е функција која им е важна на сите. Генерално, можам да замислам многу работи. Моментно сум слободен и доколку ДФБ ме повика кога нема да бидам слободен, ќе биде предоцна. Ќе видиме што ќе се случи во наредните неколку недели – изјави Рангник.


Еден од првите кои му даде поддршка на Рангник, е токму Јирген Клоп.
– Ралф Рангник би бил мојот прв избор. Мислам дека добро би се снашол на селекторската функција – изјави Клоп.
Германија на ЕП е во група заедно со Франција, Португалија и Унгарија, додека во квалификациите за СП 2022 година, „панцирите“ се носители на групата во која се наоѓа и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот