Рангник доби работна дозвола, но вечерното дерби со Арсенал ќе го гледа од трибини

Рангник конечно доби работна виза и ќе може да ја презеде клупата на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Англиските власти му ја одобрија работната виза на Ралф Рангник, кој конечно ќе може да седне на клупата на Манчестер јунајтед.

Германецот во понеделникот официјално беше именуван за наследник на Оле Гунар Солскјер кој доби отказ поради слабите резултати.
Сепак, иако му е одобрена работната виза, Рангник нема да седи на клупата на Јунајтед вечерва на дерби пресметката против Арсенал. Екипата ќе ја предводи Мајкл Керик.

Германецот својот прв настап како менаџер на Манчестер јунајтед ќе го има на утрешната прес-конференција во пресрет на натпреварот со Кристал Палас во недела.

Ралф Рангник ќе седи на клупата на Манчестер јунајтед до крајот на сезоната по што ќе се пресели во управата на „црвените ѓаволи“, а како идни менаџери се споменуваат тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино како и актуелниот италијански селектор Роберто Манчини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот