Ранѓеловиќ: САД може наскоро да сервираат решение кое Скопје и Софија ќе мора да го прифатат

Фото: Архива

Дипломатијата на САД е толерантна сè до моментот кога еден спор не прерасне во апсурд и затоа наскоро треба да очекуваме нивен предлог за излез, вели политикологот Иво Рангеловиќ за „Слободен печат“, запрашан да ја коментира помалата заинтересираност на ЕУ за решавање на  македонско-бугарскиот спор, наспроти сè повидливиот притисок од САД.

– Објективно е да се очекува засилен притисок, но и да се сервира концизно решение од САД, наскоро. Првиот чекор ќе биде формирање на влада во Бугарија по мерка на САД и многу е веројатно тоа повторно да биде ГЕРБ, а потоа ќе се сервира решение кое двете страни ќе мора да го прифатат. ЕУ нема да се откаже од својот начин на наметнување на притисокот, но е претпазлива во целиот процес бидејќи се работи за спор помеѓу членка и аспирант. Ако на тоа ги додадеме бројните внатрешни проблеми на Унијата, тешко може да очекуваме решение без суштинското присуство на САД во самиот спор – вели Рангеловиќ за „Слободен печат“.

Тој проценува дека новите тектонски движења во геополитиката, особено во Индо-Пацификот нема да бидат пречка за оваа администрација на САД да биде активна на Балканот.

– Тоа е, пред сè заради генералната поставеност на надворешната политика на САД да се заокружи процесот на целосна ЕУ и НАТО по секоја цена – вели Ранѓеловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот