Ранѓеловиќ за СП: За решение со Бугарија прво треба да се сплотат сите партии дома

Иво Ранѓеловиќ

Проблемот што Македонија го има со Бугарија може да се реши откако прво ќе се постигне единство на домашната политичка сцена, смета политикологот Иво Ранѓеловиќ.

Тој коментира дека Брисел сака да види решени проблеми и во тој контекст ја толкува изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ од викендов дека Албанија ги исполнила сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, а Македонија треба брзо да го реши проблемот со Бугарија.

– Официјален Брисел се води по ситуациона логика, да се решат што е можно повеќе проблеми додека е „жешко“. Притисокот е само дериват на таа стратегија. Шансите на Македонија се во дирекна корелација со поддршка од што повеќе членки на ЕУ, но суштината на решението лежи во сплотеноста на сите домашни политички партии, која, за жал, ја нема – вели Ранѓеловиќ за „Слободен печат“.

Според него, времето не работи за нас, а оладувањето на односите и одолговлекувањето на спорот ќе ја наруши и суштинската определеност за прогрес кон ЕУ.

– Постои можност евентуалната промена на политичката сцена по изборите во Бугарија да придонесе за решавање на спорот, без разлика на моментлните ригидни ставови. Но, македонската политичка елита не смее да ги насочи сите свои надежи кон изборите – вели Ранѓеловиќ.

Арсовски за СП: За квалитетот на решението со Бугарија ние треба да се избориме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот