Ранѓеловиќ за „Слободен печат“: Палењето знамиња е одраз на примитивизам

Палењето државни знамиња е одраз на примитивизмот, кој се повеќе станува општествен проблем за кој е можно само системско решение – изјави за „Слободен печат“ политикологот Иво Рангеловиќ. 

МВР го бара лицето што го запали бугарското знаме, може да добие затвор до 5 години

– Говорот на омраза е рефлексија на примитивизмот, кој пак е историско обележје на овој регион. Палењето на знамето е рецидив од таквата пракса и се случувала и порано, на разни страни. Осудата на чинот не би требало да се доведе во прашање, бидејќи ние секогаш треба да се стремиме кон цивилизиран однос, без разлика каков е комшијата. Говорот на омраза е општествен проблем за кој постои само системско решение. Тргнувајќи од домашното воспитување, па се до способноста на една влада која ќе се обиде да се справи со суштинските проблеми на граѓанинот – вели Ранѓеловиќ за „Слободен печат“.

Две теории за инцидентот во Вевчани, се проверуваат снимките: Дали член на ВМРО-ДПМНЕ ја провоцирал полицијата?

За време на карневалот во Вевчани засега непознат сторител го запали знамето на Република Бугарија. Полицијата трага по лицето кое според Кривичниот законик може да добие затворска казна од една до пет години.

Бугарија испрати демарш заради инцидентот, а осуди стасаа од претседателот Стево Пендаровски, министерството за надворешни работи, како и од градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски.

Захариева: Упатен е остар вербален демарш до МНР за запаленото бугарско знаме во Вевчани

Пендаровски: Палењето на знамето на Република Бугарија на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда

Остра осуда од Јанкоски и Општина Вевчани за палењето на бугарското знаме

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот