Ранг листа на најдобри работи во САД за 2021 година: Компјутерџиите паднаа од врвот, од топ 5 излегоа и стоматолозите

Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Изготвувањето на годишната ранг листа на најдобрите работи во САД се прави врз основа на неколку критериуми, како висина на платата, отворени работни места, балансот меѓу работата и приватниот живот и нивото на стрес.

– Ниту една работа докрај не ни одговара на нас, н о многу имаат неколку заеднички работи, се наведува во годишната ранг листа на најдобри работи за 2021 година, пренесува порталот „БизЛајф“.

На врвот на листата, а првпат по три години, не се програмерите, а надвор од топ 5 се и стоматолозите чија дејност е падната на деветто место.

На прво место на најдобрите работи за 2021 година е асистент на лекар со просечна заработувачка од 112.600 долари за што е потребно мастер образование. Следува програмер на софтвер со 107.510 долари средна годишна заработувачка (потребна диплома од факултет), потоа медицинска сестра (110.700 долари годишно во просек, потребна мастер диплома).

На четвтро место е менаџер на здравствени и медицински услуги (100.980 долари и потребно факултетско образование) додека топ 5 завршува со лекар (206.500 долари годишна заработувачка, потребен докторат).

Истражувачите ги разгледуваа работите со најголем проектиран број и процент на отворање од 2019 година до 2029 година, како што утврди Бирото за статистика на работа во САД. Потоа прегледаа низа од други фактори на скала од 1 до 10, вклучувајќи и изгекди за кариера, стапка на невработеност и предвиден десетгодишен траст на бројот на тие работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот