Рането момче откако полицијата пукаше врз демонстрантите во Хонг Конг (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Едно момче е рането кога хонгконшката полиција пукаше врз демонстрантите во текот на новата блокада на метрото и патиштата во овој град, пренесоа локалните медиуми.

ДПА јавува дека ранетото момче се наоѓа во критична состојба.

Објавена е видео снимка на која се гледа полицаец како за врат фаќа еден демонстрант, а потоа пука во друг кој им приоѓал, јавија американските медиуми.

Полицијата соопшти дека ранетото момче е префрлено во болница, каде е оперирано.

Болнички извори наведуваат дека станува збор за тешко рането 21-годишно момче.

Полицијата од Хонг Конг првпат употреби вистински куршуми во текот на протестите во август, кога беа ранети двајца тинејџери.

Демонстрантите повторно кренаа блиокади на повеќе локации во градот предизивкувајќи нова ескалација од насилство, додека антивладините протести влегуваат во шестиот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот