Ранет ученик во физичка пресметка помеѓу ученици во Гостивар

Седумнаесет годишен ученик од Гостивар вчера со остар предмет бил расечен за десната рака во расправија која подоцна прераснала во физичка пресметка.

Инцидентот се случил во средното медицинско училиште во Гостивар.

Според истрагата вчера во 16.30 часот Ф.Ј.(42 ) од гостиварското село Симница во полицијата пријавил дека околу 13 часот неговиот 17-годишен син, ученик во средно училиште во Гостивар, бил нападнат со остар предмет од малолетник од истото училиште. Ученикот претходно физички се пресметувал со други ученици во училишниот двор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот