Рамуш Харадинај поднесе оставка

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе оставка.

Причината е тоа што тој бил поканет да биде испрашуван од страна на Специјалниот суд. Оставката ја поднел на редовниот состанок на Владата, пренесува Косовапрес.

Остaвката на косовскиот премиер е неотповиклива.

Харадинај пред медиумите изјави дека тој поднесе оставка за да ја зачува честа на Косово и да се појави во Специјалниот суд во Хаг како обичен граѓанин.

– Денеска ја информирав Владата, ќе ги известам и другите институции за мојата неотповиклива оставка. Причината е што добив покана од Специјалниот суд како осомничен, следната недела ќе се појавам во Специјалниот суд и оценив дека не можам да се појавам како премиер на Косово, туку ќе се појавам како обичен граѓанин, значи како Рамуш Харадинај, владите и власта се променливи, живееме во демократија, честа на премиерот и на државата мора да се сочува и јас никогаш нема да ја понижувам. Во Хаг одам како Рамуш Харадинај, ќе излезам пред клеветниците така како што бара честа на албанскиот борец – рече Харадинај, пренесува Телеграфи.

Ова е вторпат Рамуш Харадинај да поднесе оставка од функцијата премиер. Во 2005 година, тој поднесе оставка од функцијата премиер, по покренато обвинение за воени злосторства од Хашкиот меѓународен суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот