Рамуш Харадинај му ја честиташе победата на Стево Пендаровски

EPA-EFE/MALTON DIBRA

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му ја честита денеска на Стево Пендаровски победата на претседателските избори, а на граѓаните на Северна Македонија им честита за слободните и демократски избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на Фејсбук, Харадинај порача дека Косово останува посветено на јакнењето на соработката со соседната земја, „за доброто на двата народа, за јакнењето на регионалната соработка и зедничката евроатлантска перспектива”.

„Честитки за граѓаните на Северна Македонија за слободните и демократски претседателски избори. Во оваа прилика му честитам и на избраниот претседател, Стево Пендаровски. Косово е секогаш подготвено за јакнење на соработката и унапредување на добрите односи со Северна Македонија, за доброто на двата наши народи, за јакнењето на регионалната соработка и зедничката евроатлантска перспектива.“ напиша Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот