Рамос за прва „кралска“ радост во „Ла Лига“! (ВИДЕО)

Денеска во рамките од третото коло во најсилната шпанска лига составот на Реал Мадрид со резултат 2:3 триумфираше над Бетис на стадионот „Бенуто Виламарин“ во Севиља.

Во првото полувреме „кралевите“ (кои ја бранат титулата од минатата сезона) дојдоа први во водство преку Валверде кој убаво беше пронајден од францускиот интернационалец Бензема во 14 минута од средбата.

За само две минути играчите на тренерот Роблес направија целосен пресврт, во 35 минута Манди највисоко скокна после нафрлувањето на Каналес, а во 37 минута Фекир ја подаде топката до Карваљо кој го совлада Куртоа.

На стартот од вториот дел Емерсон си постигна автогол, а истиот играч во 67 минута направи прекршок од зад грб, судијата после ВАР снимката му додели црвен картон и предвреме го напушти теренот.

Во 82 минута еден многу сомнителен досуден пенал за Реал Мадрид кој на крајот за освојување на трите бода ги донесе Рамос. Ова беше прва победа за „кралевите“ во нивниот втор меч сезонава во „Ла Лига“.

Во претходните три средби од саботната програма: Алавес-Хетафе 0:0, Валенсија-Хуеска 1:1 и Елче-Реал Сосиедад 0:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот