Рамос пред неделното „Ел Класико“: Знаеме како против Меси и Барса! (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Еден од најискусните одбранбени играчи на Реал Мадрид вели дека треба против каталонскиот гигант треба да се врши висок „пресинг“, иако е ризично…

В недела од 21.00 часот на „Сантјаго Бернабеу“ ќе се игра новото „Ел Класико“ кое би можело да биде клучно во трката за шампионската титула оваа сезона во шпанската „Ла Лига“.

Во првиот меѓусебен дуел сезонава на „Камп Ноу“ без голови ремизираа (0:0) екипите на Барселона и Реал Мадрид.

После 25 одиграни кола во шампионатот води каталонскиот клуб со 55 бодови, два повеќе од „кралевите“ на втората позиција, „далеку“ зад нив се Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид и Севиља по 43…

Според многумина пред неделното „Ел Класико“ на „Сантјаго Бернабеу“, многу работи на теренот ќе зависат од првата ѕвезда на Барса, Лионел Меси.

Еден од оние кои треба да го запрат Аргентинецот, секако е дефанзивецот и капитен на Реал, Серхио Рамос кој зборувапе за официјалниот сајт на „Ла Лига“:

– Имам огромна почит спрема Меси. Мислам дека тој е еден од најголемите играчи во историјата. Се надевам дека ќе има лош ден со цел да ја завршиме нашата задача, а доколку и реализираме добар резултат, ќе биде уште подобро. Како професионалци јас му посакувам сè најдобро, но се додека не влијае на нас негативно – вели Рамос.

Одбранбениот играч на мадридскиот гигант вели дека Барселона е екипа која држи посед.

– Игравме против нив многу пати, така што знаеме како да ги намачиме. Барселона е екипа која држи посед. Се чувствуваат најнепријатно кога тоа ќе им го одземете. Тоа сите го знаат, не само Реал Мадрид. Да се врши висок „пресинг“ е ризично, но тоа им создава проблеми. Претходно тоа не се случуваше толку, можеби затоа што имаа преголема почит од противниците. Мислам дека тоа е клучот, висок „пресинг“ и се обидете да им ја украдете топката, тогаш и тие ќе бидат во незгодна ситуација, но од друга страна постои и ризик, бидејќи во нападот имаат многу опасни играчи кои можат да го одлучат „Ел Класико“ – додаде Рамос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот