Рамос повторно ќе игра заедно со Роналдо!?

Фото: EPA-EFE/JAVIER LOPEZ

Според шпанските и британските медиуми, Јувентус се наоѓа во трка за капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Дефанзивецот има договор со „кралевите“ до јуни 2021 година.

Италијанскиот шампион е подготвен да испрати понуда за централниот бек кој би можел повторно да соработува со португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.

Моментно на „Сантјаго Бернабеу“ има годишна заработка од 11,7 милиони евра, а Јуве не е единствениот во трката за неговите услуги.

И ПСЖ покажува интерес за искусниот 34-годишен одбранбен фудбалер кој би можел да го напушти Реал како слободен играч наредното лето.

Рамос досега има 174 настапи за најдобрата шпанска репрезентација, со една светска и две европски титули. На клупски план му помогна на мадридскиот гигант четирипати да го освои трофејот во Лигата на шампионите, пет има во „Ла Лига“, а два во „Копа дел Реј“.

ПСЖ има замена доколку Мбапе биде новиот „крал“!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот