Рамос по четврти пат ќе стане татко

twitter/SB

Капитенот на Реал Мадрид и неговата сопруга Пилар Рубио се родители на три сина.

На Серхио Рамос одличлно му тргна 2020 година како на професионален така и на приватен план. По освојувањето на шпанскиот Суперкуп со Реал Мадрид, медиумите објавија дека Рамос по четврти пат ќе стане татко.

twitter/SB

Веста ја објави сопругата на Рамос, манекенката и водителка, Пилар Рубио, и тоа за време на ТВ шоу во кое учествуваше.

– Не сум ниту во третиот месец од бременоста, така што не знам дали ќе биде машко или женско. Но, не се грижете, сè уште ќе ме гледате на ТВ екраните – изјави Пилар Рубио за време на емисијата.

Серхио Рамос и Пилар Рубио седум години се заедно, а во брак стапија минатата година. Тие имаат три сина, Серхио (5), Марко (4) и Алехандро (2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот