Рамос нема да го игра најважниот натпревар во Лигата на шампионите!?

„Кралевите“ ќе мора да поминат одреден период без својот капитен и еден од најдобрите играчи во екипата, Серхио Рамос.

Искусниот дефанзивец се врати повреден од репрезентативните обврски со Шпанија, после успешниот ноемвриски циклус, a за фудбалерот две фатални недели.

Не реализираше два пенали против Швајцарија, потоа прослави една неочекувана висока победа од 6:1 против Германија, но поради повреда беше заменет на паузата.

Реал денеска објави дека настрада задната ложа, во официјалното соопштение не е наведено колку долго ќе паузира, се проценува дека треба да мирува две недели.

Ова значи дека Зидан ќе мора да формира состав без искусен одбранбен играч на натпреварите со Виљареал и Алавес во „Ла Лига“, и гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите, можеби најважниот во групната фаза. На табелата во групата „Б“ после три одиграни кола води Борусија Менхенгладбах со пет бода, пред Шахтјор Доњецк и Реал Мадрид кои имаат по четири, а последен е Интер со два.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот