Рамос не сака да биде „светец“, капитенот верен на „кралевите“!

фото: твитер

Еден од најдобрите фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид планира и натаму да смета на својот искусен дефанзивец, Серхио Рамос.

Шпанските медиуми истакнуваат дека претседателот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез не сака да биде во слична ситуација каква што имаше Барселона со Лионел Меси.

Претседателот на Реал брзо најде заеднички јазик со капитенот, според „Кадена Сер“ новиот договор ќе се случи до крајот на тековната година.

Рамос е еден од лидерите на мадридскиот гигант чиј дрес го носи од 2005 година, и покрај понудата од ПСЖ вредна 60 милиони евра со тригодишен договор, останува верен на шпанската екипа.

34-годишниот централен бек кој има бројни индивидуални признанија, со Реал по четирипати беше европски и светски клупски шампион, петпати ја освои „Ла Лига“, четирипати шпанскиот Суперкуп, трипати УЕФА Суперкупот и двапати Кралскиот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот