Рамос и Перез во петок ќе разговараат за иднината на капитенот, Сити чека на готовс

epa08796597 Madrid's defender Sergio Ramos celebrates after scoring the 2-0 during the UEFA Champions League group B match between Real Madrid and FC Internazionale at Alfredo Di Stefano stadium in Madrid, Spain, 03 November 2020. EPA-EFE/JuanJo Martin

Серхио Рамос уште еден месец ќе биде капитен на Реал Мадрид доколку и двете страни не најдат заеднички јазик за нов договор. Засега, Рамос е поблиску до напуштање на Реал Мадрид чиј дрес го носи во последните 16 години, бидејќи преговорите помеѓу капитенот и претседателот одат тешко.
Последните разговори Перез и Рамос ги водеа уште на 22 април кога дојде до големи несогласувања во однос на тоа што капитенот го сака, а претседателот го нуди во новиот договор.

Денеска весникот „Ас“ го потврди навидите на ЕСПН дека во петок ќе се одржи клучниот состанок помеѓу Серхио Рамос и Флорентино Перез по што ќе биде позната судбината на капитенот.
Засега според најавите, Рамос е поблиску до заминување отколку останување, а голема пречка во преговорите е барањето на Реал Мадрид, капитенот да се согласи на 10 проценти помала плата.
Рамос не се согласува на ова барање на претседателот Перез, како и што не сака да потпише едногодишен договор. Легендарниот капитен бара гаранции дека ќе добие двегодишен договор за како член на Реал Мадрид да се пензионира.
„Ас“ најавува дека до петок сепак може да се случи пресврт како што тоа беше случај со Лукас Васкез.Фудбалерот исто така не се согласи да му се намали платата за 10 проценти и се закани со заминување, дури започна и преговори со Баерн Минхен, но пота претседателот Перез ја промени одлуката и му даде нов договор со поголема плата од актуелната. Во Реал пресметаа дека им е поисплатливо да го направат тоа отколку да даваат пари за нов десен бек.

Исходот од разговорот меѓу Перез и Рамос со нетрпение го очекува и менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола. Гвардиола смета дека Рамос може да му помогне на Сити да ја оствари целта, да ја освои  Лигата на шампионите.
Според шпанскиот весник, Манчестер сити веќе има подготвено понуда за Рамос, двегодишен договор со можност да се продолжи за уште една која би ја одиграл доколку сака во Њујорк сити, а згора на тоа фудбалерот би имал поголема плата од таа што ја има во Реал Мадрид.
Од респект кон Реал Мадрид со кого имаат добри односи, во Манчестер сити не сакаат да преземат било каков чекор се додека не биде познато дали Рамос останува на „Сантијаго Бернабеу“ или си оди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот