Рамос го надмина рекордот на Касиљас! (ФОТО)

twitter.com/NatSportUAE

Серхио Рамос се најде во почетниот состав на Шпанија на мечот од квалификациите за ЕП 2020 против Норвешка во Осло.

За одбранбениот играч кој ги брани боите на Реал Мадрид, овој натпревар беше 168 во репрезентативниот дрес на „црвената фурија“ што претставува нов рекорд.

Досегашен рекордер беше голманот Икер Касиљас кој исто така своевремено настапуваше за „кралскиот“ клуб.

Капитенот на шпанската репрезентација Рамос е прв од сите активни европски фудбалери и трет во светот по Бадер Ал-Мутав (Кувајт) и Ахмед Мубарак (Оман) кои имаат по 173 натпревари.

Во историјата на фудбалот, Рамос сега е на осмата позиција која ја дели со репрезентативецот на Еквадор, Иван Хуртадо.

Рекордот му припаѓа на Египќанецот Ахмед Хасан со 184 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот