Рами доби отказ од Марсеј, наместо на тренинг се бори во кал (ВИДЕО)

Контроверзниот француски фудбалер, Адил Рами, има кошмарна година која резултира со отказ. Рами на почетокот од годинава остана без вереницата Памела Андерсон, а сега доби отказ од Олимпик Марсеј кој конечно успеа да пронајде начин како да го откачи проблематичниот фудбалер.

Француските медиуми открија дека Рами доби отказ поради настан од минатата сезона, поточно, тој на 20 мај се повреди на натпреварот против Тулуз. Неколку денови подоцна Рами требаше да дојде на тренинг на екипата, но не се појави и не даде објаснување зашто го прошуштил тренингот на екипата.

Еден месец подоцна во Марсеј ја открија причината за непојавувањето на тренинг, Адил Рами учествуваше во емисијата „Fort Boyard“ и се натпреваруваше во борби во кал. Челниците на францускиот тим веднаш му порачаа на Рами да не се појавува на подготовките за оваа сезона, а денеска конечно доби раскин на договорот поради нарушување на клупската политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот