Рамчиловиќ: Да продолжиме кон она што се гледа – интеграција, стабилна и просперитетна држава

Потпретседателот на Собранието на Македонија, Зекир Рамчиловиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ рече треба да продолжиме кон она што се гледа – интеграција, стабилна и просперитетна држава.

„Со она што во изминатиот период и мандат кој што беше исклучително тежок, мислам дека имам што да понудам од политички аспект, но она што го одбележа моето делување е носењето на рационални одлуки во корист на државата. Кога се работи за државнички политики да се остават ситните политичко-партиски интереси“, рече Рамчиловиќ.

– Да продолжиме по оној пат кој што сме тргнале. Односно оној период кој што сме го имале на изолација, да го тргнеме и да продолжиме кон ова што е на повидок – интеграција, стабилна и просперитетна држава – посочи потпретседателот на Собранието на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот