Рамадани за СП: Во декември Софија ќе ја тргне блокадата

исмет рамадани
Исмет Рамадани, поранешен пратеник

После второто вето за преговарачката рамка испорачано минатата недела на состанокот на ГАК во Луксембург, Софија ќе биде под силен притисок од меѓународната заедница и јас очекувам дека на следниот самит на ЕУ во декември ќе ја тргне блокадата, вели аналитичарот Исмет Рамадани за „Слободен печат“.

– После второто вето од Софија се чувствува како работите да одат во наша полза. Во Софија веќе го чувствуваат притисокот што доаѓа од САД и од ЕУ. Веројатно ќе оценат дека некои барања од декларацијата од нивното собрание се апсурдни и не кореспондираат со цивилизациските текови, стандардите на ЕУ и американската демократија. Со нова политичка влада се очекува Софија да се повлече од нивната политика која вклучува мешање во туѓи државни атрибути. Самото писмо од нивното МНР е индикација дека се повлекуваат – вели Рамадани за „Слободен печат“.

Според него, Македонија треба да ја продолжи комуникацијата со Бугарија после нивните избори и да продолжи да ги гради своите позиции пред ЕУ и САД. Тој верува дека дебатата може да биде од полза, но најважниот чекор треба да го направи Софија.

– Региониот мора да продолжи кон полноправното членство во ЕУ. Нема друга опција. Тоа е геополитика на најмоќните држави и Софија нема да може долго да ѝ се спротиставува. Јас очекувам во декември да биде тргната блокадата – заклучува Рамадани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот