Рама: Западен Балкан не е во добра фаза, ЕУ да биде внимателна

Еди Рама/ Фото EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Западен Балкан не е во добра фаза и ЕУ треба да биде внимателна, посочи албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за грчкиот весник „ТА НЕА“.

Тој додаде ека сепак работите не отишле до таму да се плаши од дестабилизација, пренесува Клан Косова.

„Политичките фактори внатре и надвор од Западен Балкан, во Европската Унија, мора да бидат претпазливи. Симптомите од ваков вид не треба да се потценуваат“, рече премиерот на Албанија.

Рама е песимист за отворањето на преговорите за членство на Албанија со ЕУ кон крајот на оваа година.

„Ова не е првпат да слушам вакви предвидувања од високи претставници на ЕУ и нема да биде првпат тие да не можат да ги одржат ветувањата. Не очекувам ништо“, рече Рама.

Во рамки на иницијативата Отворен Балкан, тој дополни дека не е постигнат толкав напредок колку што сака и дека на следниот состанок во Тирана ќе се постигнат одредени цели во однос на слободната трговија на производите.

Видео на денот