Рама за заканите на Иран: Секој напад врз Албанија е напад и врз НАТО

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Преземавме ризик со муџахедините. Горди сме што војуваме покрај најдобрата алијанса во светот. Секој напад врз нашата земја е напад врз НАТО – рече Рама.

На денешната средба на ОБСЕ во Виена, премиерот на Албанија, Еди Рама, зборуваше и за заканите кои вчера ги упати иранскиот врховен лидер Али Хаменеи кон Албанија. Тој вчера Албанија ја нарече „мала ѓаволска земја“ и земја каде пресојуваат предавниците на Иран (муџахедините).

Рама рече дека Албанија преземала ризик со муџахедините, но од друга страна додаде дека секој напад кон оваа земја е напад и врз НАТО.

– Преземавме ризик со муџахедините. Горди сме што војуваме покрај најдобрата алијанса во светот. Секој напад врз нашата земја е напад врз НАТО – рече Рама.

Од 2016 година, кога во Албанија пристигна првата група во т.н. „град на муџахедините”, сместени се над 3.000 припадници на иранската опозиција (МЕК).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот