Рама: За време на третиот мандат социјалистите ќе ја одведат Албанија на друго ниво

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Албанскиот премиер Еди Рама, вечерва ги посочи причините зошто тој и неговата Социјалистичка партија треба да го добијат третиот мандат на изборите на 25 април, нагласувајќи дека има голем долг и кон своето семејство а особено кон неговиот помал син Захо.

Рама вели дека битките за земјата не можат да се остават на среде пат, бидејќи според него никој друг освен Социјалистичката партија (СП) нема ниту четвртина од моќта на амбицијата да ја предводи земјата.

„Треба да се заврши закрепнувањето од катастрофалниот земјотрес и сите да влезат во своите домови, да се вакцинираат сите граѓани, да се завршат здравствените реформи, да се исчисти имиџот на белите мантили од корумпираните, да се зајакне прогресивноста на оданочувањето во полза на оние со помала добивка, натамошно зголемување на минималната плата и платите како целина, развој на пристанишната и аеродромската инфраструктура”, напиша Рама на социјалните мрежи.

Ветува дека за време на третиот мандат, СП ќе ја одведе Албанија на друго ниво.

Рама на објавата постира семејна фотографија, на која се неговата сопруга Линда, нивниот седумгодишен син Захо, Грегоди (32), синот на Еди и Реа (31), ќерката на Линда од нивните први бракови.

Инаку, нешто повеќе од два месеца остануват до парламентарните избори на 25 април а веќе битката меѓу политичките партии станува се пожестока.

Владеачките социјалисти ја подготвија владината програма за следните четири години.

Во однос на обновувањето на оштетените и урнатите домови од земјотресот, социјалистите имаат за цел да завршат над 4.000 домови до 2021 година, да ги зголемат платите, инвестициите во здравството, вработеноста, три пати поголем извоз на земјоделски прозводи што во 2020 година изнесуваше 320 милиони евра на една милијарда евра во 2024 година, како и посебна развојна програма во областа на туризамот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот