Рама за „Мал Шенген”: Со ништо на свет не би го изневерил мојот народ во Косово

Регионалниот Шенген, вели Рама,  ни дава можност да го направиме тоа што не сме можеле да го направиме со години.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, пред новогодишните празници се обрати до граѓаните со видео-порака. Рама се потсетува на земјотресот на 26 ноември и посака Новата Година да биде полесна за Албанците.

Рама во своето обраќање се осврна и на балканскиот “Мал Шенген”.

-Регионалниот Шенген не е план за Србија економски да се зајакне. Регионалниот Шенген денеска е историска потреба, потребна да ја отстраниме нашата бариера, за Албанија и Косово, да ја отстраниме националната бариера за луѓето, стоките и европскиот капитал. Нашиот став не е сменет и нема да се смени, регионалниот Шенген не го оштетува Косово, напротив го помага. Албанија успеа да ја убеди Србија да не ја уценува масата и на неа да може да биде и Косово.

Регионалниот Шенген, вели Рама, ни дава можност да го направиме тоа што не сме можеле да го направиме со години.

-Уште не сум слушнал еден аргумент против овој национален проект на САД. Европската Унија следната година ќе даде 1.2 милијарди евра за оваа нова димензија на соработка- изјавил Еди Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот