Рама во понеделник ќе има средба со Меркел во Берлин

EPA-EFE/FILIP SINGER

Премиерот Рама, средбата со Меркел ја најави по неформалната средба во Рим, пред два дена, со шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо.

Албанскиот прмиер Еди Рама во понеделник (27 јануари) ќе има средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

Во фокусот на разговорот ќе биде помошта што може да ја даде Германија за санирање на штетата од разорниот земјотрес што ја погоди Албанија утрото на 26 ноември минатата година.

Премиерот Рама, средбата со Меркел ја најави по неформалната средба во Рим, пред два дена, со шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо.

Како што изјави Рама добил ветување за подршка на Италија на меѓународната донаторска конференција за Албанија, што ќе се одржи на 17 идниот месец во Брисел, под раководство на претседателката на ЕК, Урсула ван дер Лејен.

Додаде дека досега проценетата штета од земјотресот е околу милијарда евра.

Според Топ чанел, друга тема на дискусија на средбата Рама-Меркел во Берлин, ќе биде ротирачкото претседателство на Албанија со ОБСЕ, билатералните односи, ситуацијата во регионот и европската перспектива на западен Балкан.

– Ангела Меркел и Германија се ангажирани за што поскоро да започнат преговорите на ЕУ со Албанија и Северна Македонија, наведува телевизјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот