Рама во Москва се сретна со Лавров, се разговараше и за косовското прашање

Лавров, изјави дека косовското прашање ќе се реши и дека Русија е заинтересирана да се постигне договор помеѓу Србија и Косово, и дека таа ќе поттикне да има дијалог.

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска во Москва се сретна со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

На средбата, Рама, зборуваше и за косовското прашање.

-Што побрзо ќе биде признаено Косово, тоа ќе биде подобро за сите, сигурно тоа важи и за самата Србија- изјави Рама.

Од друга страна, Лавров, изјави дека косовското прашање ќе се реши и дека Русија е заинтересирана да се постигне договор помеѓу Србија и Косово, и дека таа ќе поттикне да има дијалог.

-Зборувавме и за Западниот Балкан, особено за Косово. Го подржуваме дијалогот, косовското прашање треба да се реши во согласност со меѓународното право. Страните треба да најдат договор и клучен фактор за да се оди напред и имплементирање на одлуката за формирање на српските општини-изјавил Лавров.

Рама зборуваше и за конфликтот Русија- Украина, велејќи дека решавањето на конфликтот е нивен приоритет.

-Нашата посета на Украина во почетокот на годината докажува колку сме посветени на оваа прашање, ние ќе ги подржиме напорите за да се најде начин по мирен пат да се реши конфликтот. Дозволете ми да кажам дека ние го подржуваме договорот од Минск, и веруваме дека негова имплементација е клучна за да се движиме напред- изјави Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот