Рама во Лондон ќе бара финансиски средства за штетите од земјотресот

Фото: Топ Чанел

Премиерот на Албанија, Еди Рама, после владината седница, денеска изјави дека заедно со министерот за надворешни работи, Гент Цакај, ќе патува во Лондон, каде ќе присуствува на Самитот на НАТО. Тој изјави дека ќе ја искористи оваа можност за да побара финансиска помош после страшниот земјотрес што ја погоди земјата.

– Потребно е заедно со министерот Цакај, да одиме во Лондон, во Самитот на НАТО. Таму имам обврска плус покрај самитот да разговарам со сите колеги, со лидерите на земјите членки и со министрите да помогнат и да се солидаризираат со земјата после земјотресот, изјави Рама.

Рама исто така зборуваше и за зградите што треба да се изградат за настраданите. Тој вели, дека замислата е да се направи нова населба во Драч, која според него ќе биде една од најубавите.

Во земјотресот кој ја погоди Албанија на 26 ноември, својот живот го загубија 52 лица, а стотици беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот