Рама: „Стандард“ пренесува лажни вести, никогаш не сум подржувал промена на границата меѓу Србија и Косово

Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше во врска со пишувањето на „Стандард” околу мапата за прекројување на границата меѓу Србија и Косово, што, како го пишува весникот го поддржува Рама.

Во објава на Твитер, Рама наведува дека никогаш не поддржувал промена на границата меѓу Србија и Косово.

Тој го нарекува срам фактот што еден престижен медиум пласира лажни вести.

– „Стандард”, какво разочарување што гледам еден весник со толку висока репутација да се однесува како разнесувач на лажни вести. Јас никогаш не сум кажал ништо во врска со „писма и мапи” и никогаш не сум поддржувал било какви промени долж етничката линија меѓу Србија и Косово. Срамно, напиша Рама.

Видео на денот