Рама: Соработката со Србија и БиХ не значи дека е сменето мислењето за Косово

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Албанскиот премиер Еди Рама на денешната прес-конференција по заеднилкиот состанок на лидерите од Западен Балкан посочи дека сите земји од овој регион треба да бидат опфатени од оваа иницијатива.

– Нема апсолутно ништо ново освен слободно движење на луѓето на целиот Балкан. Ние се договоривме на 21 декември да биде следната средба во Драч и добивме одговор дека ќе биде и Џозеф Борел, што ја наследува Могерини. Во Драч посакувам и Црна Гора и БиХ да присуствуваат. Исто така и Косово, да се вклучи во овој процес. Но, дозволете ми да го избегнам „слонот“ кој што е присутен тука со Косово. Тоа што соработува со Србија и Бих, не значи дека е сменето мислењето за Косово. Би сакале да се вклучат Косово, за да не се чека на границите. Да има слобода на движење на стока, услуги и луѓе низ регионот. Не ми одговара мини шенген. За овие метро деведесет никогаш не сум се чувствувал мал. Регионот губи милијарди евра заради вакви барикади. Не можам да бидам мини Југословен и голем Албанец – посочи Рама.

На состанокот на кој домаќин е премиерот Зоран Заев, присутни се српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот