Рама: Соработката со Косово е приоритет над приоритетите

Фото: Топ Чанел

Албанскиот претседател најави отворена и интензивна комуникација за тоа „каде сме и каде сакаме да ги водиме нашите односи во однос на соработката во сите области”.

Соработката со Косово е наш приоритет над приоритетите. Од суштинско значење е да бидеме јасни на секој чекор, да ја отстраниме границата меѓу двете држави.

Ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес конференција со неговиот косовски колега Албин Курти, кој денеска престојува во Тирана.

– Соработката со Косово е приоритет над приоритетите. Според мене не го реализиравме целосното движење на луѓето, ние не ја исполнивме нашата должност кон нашиот народ. Од суштинско значење е да бидеме јасни на секој чекор, да ја отстраниме границата меѓу двете држави. На крајот, сакам да истакнам дека сме 100 проценти во поддршка на Косово во битката за целосно признавање како суверена и демократска држава, рече Рама.

Најави отворена и интензивна комуникација за тоа „каде сме и каде сакаме да ги водиме нашите односи во однос на соработката во сите области”.

– Се договоривме да ги започнеме подготовките за заедничката седница на двете влади што ќе се одржи во Скадар, затоа што последната беше во Пеќ, а таму се договоривме за Скадар. Но, вакумот меѓу двете седници нè принудува да одржиме што е можно попродуктивна седница, ќе формираме меѓудржавна комисија за да го следи текот на потпишаните договори, да ја следи проблематиката и достигнувања, рече Рама.

Курти рече дека сака силна соработка меѓу Косово и Албанија во оваа декада.

-Мило ми е што сум тука. Јас на почетокот бев во Митровица и секако Албанија требаше да биде прва држава. Сакам да имам силна соработка меѓу Косово и Албанија во оваа декада, тоа е приоритет. Се договоривме за меѓудржавна комисија, со министри и пратеници, тие 77 договори да бидат имплементирани, но и да се зголеми нивниот број. И благодарам на Албанија што му помогна на Косово во 21 век брзо и силно да се движиме заедно, рече Курти.

Додаде дека разговарале за прашања од економски аспект, безбедност, надворешна политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот