Рама со поддршка за Тачи: Апсурдниот процес во Хаг ќе стави печат на чистотата на ОВК

По веста за хашкото обвинение за Хашим Тачи и за оставката што тој ја даде, со поддршка се јави албанскиот премиер Еди Рама и, како што наведува, „цела Албанија“. Рама во објава на Твитер наведе дека оваа истрага против Тачи ќе послужи за разјаснување на чистотата на Ослободителната војска на Косово.

– Хашим Тачи ја има целата поддршка и солидарност на Албанија во оваа битка за Косово и за неприкосновената правда на ослободителната војна. Апсурдниот процес против него, конечно, ќе ја запечати чистотата на ОВК и неможноста да се преразгледува нејзината историја, напиша Рама на Твитер.

Хашим Тачи си поднесе оставка од функцијата претседател на Косово, откако Специјалното обвинителство во Хаг го потврди обвинението против него. Акт е покренат и за лидерот на Демократската партија, екс собрански спикер и поранешен прв човек на косовската агенција за разузнавање, Кадри Весели, како и за Реџеп Селими, координатор на пратеничката група на Движењето „Самоопределување”.

Се очекува трансферот на Јакуп Красниќи во Хаг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот