Рама со добра вест, првите 3.700 семејства во нови домови до крајот на годината

Фото: МИА

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е финализиран текстот на нацрт – одлуката на Советот на министри за изградба на првите 3.400 куќи, за што се предвидени средства во износ од 8,7 милијарди леки.

Тоа го отвора патот за распишување на меѓународен тендер за да се започне со работа за обнова на областите погодени од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата утрото на 26 ноември минатата година.

Рама даде добра вест за настраданите семејства на кои им вети дека до крајот на 2020 година ќе се преселат во нивните нови домови.

-Ние и ноќта ќе ја претвориме во ден, за да семејствата во Туман и секое рурално подрачје во Круја, Курбин, Лежа, Драч, Шијак, Каваја, Вора, Камза и Тирана, кои ги изгубија своите стари куќа, првиот ден од новата година го дочекаат во нови, многу поубави и постабилни домови, вети Рама.

Во меѓувреме турскиот амбасадор во Тирана, Мурат Ахмет Јорук, најави дека Владата на неговата земја кон крајот на овој месец ќе почне со изградба на ветените 500 домови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот