Рама: Решен сум да го заменам Илир Мета, тој ја срами земјата

Еди Рама / Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Рама рече дека претседателот Илир Мета треба да биде разрешен затоа што тој го прекршил Уставот кога застанал зад една политичка партија за време на неодамнешните избори, пренесува АП.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денес изјави дека е решен да го смени претседателот на Албанија, Илир Мета, од неговата позиција бидејќи „ја посрамотил земјата“.

Рама рече дека претседателот Илир Мета треба да биде разрешен затоа што тој го прекршил Уставот кога застанал зад една политичка партија за време на неодамнешните избори, пренесува АП.

Минатата недела, пратениците формираа Истражен комитет за да одлучат дали ќе биде покрената постапка против претседателот Илир Мета, а 49 пратеници на Социјалистичката партија тврдат дека Мета го прекршил Уставот, бидејќи наместо да биде гарант за националното единство, тој застана на страната на опозицијата уште пред изборите на 25 април.

Видео на денот