Рама: Приштина со спротиставувањето на „мал Шенген“ ја загрозува надворешната политика на Албанија

Фото: Топ Чанел

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека политичарите во Приштина со спротивставувањето на заедничката иницијатива за создавање „мал Шенген” ја загрозуваат надворешната политика на Албанија поради своите внатрешно-политички интереси.

Во изјава за албанската телевизија Топ ченел, Рама рече дека долго време му објаснувал на лидерот на движењето Самоопределување и најверојатно следен премиер на Косово Албин Курти во што е значењето на „мал Шенген’ и оти би бил многу изненаден ако тој не сфатил, бидејќи е „доволно интелигентен”.

– Ако се преправа дека разбира или не разбира, тоа е негов избор, но изгледа дека надворешната политика на Албанија се користи за внатрешна политика. Не верувам дека тоа е најдобро, ќе имаме време да поразговараме и да ја продлабочиме дискусијата, оцени Рама.

Што се однесува на изјавата на Курти за отворање на границата меѓу Албанија и Косово, Рама рече дека такво нешто нема да може да се направи без согласност од Србија.

– Ако Курти сака да ги отвори границите, тогаш мора да се согласува со сите држави, истакна албанскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот