Рама: Приштина губи што не учествува на состанокот за инцијативата која сите ја поддржвуаат

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Албанскиот премиер Еди Рама денеска оцени дека со тоа што Приштина одбива да учествува во регионалната иницијатива, тн. „мал Шенген” што се одржува денеска и утре во Тирана, Косово станува политички губитник.

– На Самитот нема да бидат само претседателите на Србија и Северна Македонија, туку и други. САД испратија претставник на Стејт департментот да го поддржат овој процес, истакна Рама, дополнувајќи дека на собирот ќе има и претставници на Европската комисија, ЕБРД и Светска банка.

– Сите ќе дојдат. Зошто? Затоа што ова е процес кој сите го поддржуваат, истакна Рама.

Тој уште оцени дека проблемите на Белград и приштина не се решаваат со судири и воведување такси, туку преку дијалог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот