Рама предупреди дека е можно пак да се врати карантинот во Албанија

Посочи дека нема толеранција за бизнисот и доколку не се почитуваат безбедносните протоколи освен парична казна на сопствениците им се заканува и затвор.

По зголемувањето на бројот на новозаразени со Ковид-19, албанскиот премиер Еди Рама ги предупреди своите граѓани дека доколку не ги почитуваат протоколите или правилата утврдени од Министерството за здравство, дека ќе мора да се вратат во карантин.

-Бескорисно е да повторувам, колкупати сум ви кажал дека Ковид е опасен непријател. Не можам да обвинам никого од вас кој се вознемири и беше нервозен од тоа големо затворање, дека сакаше да се врати во нормала. Кога одлучивме да отвориме се, бевме свесни дека отворањето ќе донесе нешто,дека бројот на новозаразените ќе порасне, но не верувавме дека протоколите и мерките нема да се почитуваат во толкава мера.Затоа доколку продолжи вака, за жал ќе мора повторно да воведеме карантин,иако не сакам да поверувам во тоа- вели Рама.

Преку врска во живо на Фејсбук ги соопшти и трите мерки,кои, како што вели, се донесени заедно со експертите по долги разговори.

-Нема да се дозволи никаков вид групирања, вклучувајќи и политички.Слободното движење е гарантирано но собирања, со поголем број од дозволениот со безбедносните протоколи, нема да се дозволи. Полицијата ќе ја спроведува својата должност,без да прави никаква разлика и кој ќе учествува во собири ќе биде казнет индивидуално,ја објасни Рама првата одлука.

Посочи дека нема толеранција за бизнисот и доколку не се почитуваат безбедносните протоколи освен парична казна на сопствениците им се заканува и затвор.

-Граѓаните ќе може да се движат слободно но и тие ќе бидат казнети доколку ги прекршуваат правилата на однесување на јавни места. Вака не може понатаму,завршува Рама

По едноцифрените и ниски двоцифрени бројки, од минатиот понеделник трендот на новозаразени е во постојан раст. Вчера беа регистрирани 69 а денеска 82 новозаразени,што е највисока бројка од појавата на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот