Рама посредник меѓу Грција и Турција

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Топ чанел, една од највлијателните албански национални телевизии, објави дека премиерот Еди Рама ја преземал улогата на посредник меѓу Турција и Грција.

Повикувајќи се на „многу сигурен извор во грчката Влада” новинарот Артур Бибе во емисјата „Опен” изјави дека „екслузивно дознава дека премиерот Еди Рама ја одигрува улогата на посредник меѓу Турција и Грција”.

Според истиот извор, премиерот Еди Рама денеска ќе пренесе порака од Анкара до Атина и оти премиерот Киријакос Мицотакис ќе биде тој кој ќе одлучи дали Рама ќе ја преземе улогата на преговарач меѓу двете земји.

– Според грчките медиуми дочекот на Рама во Анкара бил величенствен. Тие пишуваат дека Ердоган ретко го правел тоа. Посетата, исто така, имала и свои пораки. Тоа е улогата што Рама ја презема како гостин или по негово барање, да биде медијатор во постигнување евентуален договор меѓу Грција и Турција. Од многу сигурен извор во грчката Влада тоа е вистината. Рама оствари позитивна посета на Анкара и доаѓа во Атина со порака – рече Бибе.

Премиерот Еди Рама по дводневнот престој во Анкара со поголема делегација, денеска пристигна во Атина, но како што наведуваат албанските медиуми, тој е сам.

„Во Атина на работен ручек со премиерот Мицотакис, ќе разговараме за понатамошна координација во заедничката борба против Ковид –19, натамошно зајакнување на стратешките односи меѓу двете земји, регионална соработка и европска интеграција на нашиот регион“, напиша Рама на Твитер по пристигнувањето во Атина, објавувајќи притоа фотографија од пристигнувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот