Рама: Политиката на Харадинај наштети на Косово, а на Србија и даде предност

Фото: Топ Чанел

Рама, кој веќе поднесе тужба против премиерот во заминување на Косово, за албанскиот Топ Чанел изјави дека Харадинај „ја заменил пушката со клевета”.

Претседателот на албанската Влада Еди Рама му порача на косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај дека повторените клевети и обвинувања против него, а во врска со поделбата на Косово, ќе треба да бидат докажани на суд.

– Вистина е дека сакав да го поделам Косово онолку колку што Рамуш сакаше да го одвои принцот Хари од кралското семејство! Накратко, довчерашниот командант на ОВК, Рамуш Харадинај, ја имаше мојата заслужена почит за сè што направи за слободата на Косово…”, рече Рама. Тој додаде дека, според него, политиката на Харадинај „наштетила на Косово, а на Србија и дала предност на меѓународната сцена”, пренесува Танјуг.

Рама, кој веќе поднесе тужба против премиерот во заминување на Косово, за албанскиот Топ Чанел изјави дека Харадинај „ја заменил пушката со клевета”.

Тој рече дека не може да се спушти на нивото на Харадинај, кој, како што вели, е од оној вид на политичари кои не го почитуваат зборот, вистината или јавноста. Природно е, додаде тој, дека од клеветата на штета на нечие достоинство треба да се брани на суд, особено ако се повторуваат во јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот