Рама побарал од Бајден Косово веднаш да биде покането во “Партнерството за мир”

Рама и Бајден на самитот на НАТО во Мадрид / Фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ
Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи  објави што денес разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, наведувајќи дека американскиот лидер ги кажал најдобрите зборови за Албанија.
Според Рама, Бајден изразил желба да организираат нешто заедничко по повод 100- годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.
– Од претседателот Бајден ги слушнав најдобрите зборови за Албанија и нејзината улога во Советот за безбедност на ОН и НАТО, како и неговата желба да организираме нешто заедно по повод 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи Албанија- САД, напиша Рама.
Во пораката на Твитер тој исто така наведува дека на Самитот на НАТО побарал Косово веднаш да биде покането во механизмот Партнерство за мир.
– Денеска во НАТО: Побарав Косово веднаш да биде покането во механизмот “Партнерство за мир”. Побарав земјите кои сеуште не го признале Косово да го проценат неговиот став усогласен со ЕУ за руската агресија врз Украина и покрај фактот што Украина сеуште не го признала Косово, наведува Рама на објавата на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот