Рама по средбата со Хан: Го направивме тоа што Брисел го бараше од нас

Фото: EPA-EFE/CYRIL ZINGARO

Го направивме тоа што тие од нас го побараа да го направиме, изјави албанскиот премиер Еди Рама по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во седиштето на Европската комисија во Брисел.

– Хан беше кристално јасен. Ние го направивме тоа што тие од нас го побараа, доколку не добиеме датум тоа не значи дека Албанија потфрлила. Но, освен тоа што направивме и што треба да направиме, се наоѓаме во ситуација кога Европскиот совет треба да одлучи што сакаат нејзините членови или не сакаат да направат за нивното семејство, бидејќи важен член на семејството бара друг пристап од целото семејство кон овој процес – посочи Рама.

Тој наведе дека Хан истакнал оти мора да се продолжи со сите реформи, бидејќи тоа е во интерес на албанските граѓани и дека „тоа не е со цел за да се задоволат Брисел, Лондон, Париз или Берлин, туку да се обезбеди европска Албанија за наште деца “.

– Ова значи дека, од една страна, ние мора јасно да ја разбереме оваа состојба, а од друга страна да продолжиме со реформскиот процес, затоа што, како што рече и комесарот, тоа не го правиме за да ги задоволиме Брисел, Лондон, Париз или Берлин. Мораме на нашите деца да им обезбедиме европска Албанија, со демократски институции, со институционално државно право, да ги исполнуваме стандардите на економијата на ЕУ – посочи албанскиот премиер.

Рама додаде дека Албанија ги спроведува реформите и ќе продолжи во тој правец. в

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот